Под притисок на тогашната ВД директорката на основното училиште во струшко Велешта, сега обвинетата, Егзона Шеј, издадов потврда во која се наведува дека има пет години работно искуство, иако податоците не беа вистинити, рече училишната секретарка Кумриша Хан. Таа беше повикана како сведок во судскиот процес што во Основниот суд во Струга се води против градоначалникот Рамиз Мерко за незаконско назначување на ВД директор без потребното работно искуство, и уште против две лица обвинети за фалсификување документи.
- „Таа потврда ја потпишав под притисок на сега обвинетата Евзона Шеин. Двапати ја пријавив обвинетата за повреда на право од работен однос, но не за оваа потврда, бидејќи не само јас, туку и моите деца имаа притисоци.“ рече Кумриша Хан, секрета на ОУ „Зини Хани“ Велешта.
Државниот просветен инспекторката Виолета Џутеска во своето сведочење потврди дека при вонредниот инспекциски надзор спроведен по неколку поднесени претставки констатираше дека првообвинетата Егозна Шеј не ги исполнува условите за ВД директор, а рече дека градоначалникот со нејзиното именување направил прекршок. За одбраната на Мерко клучно е сведочењето на државниот просветен инспектор.
- „Просветниот инспектор пред Судот јасно наведе дека градоначалникот Мерко во најлош случај сторил прекршок, но не и кривичното дело што му се става на товар. Со ова само се потврди тезата на одбраната дека во случаите против Мерко не постои кривична одговорност по ниту еден основ“, рече Игор Петковски, адвокат на Рамиз Мерко
Покрај за незаконско назначување на директор во училиштето во Велешта, Мерко е обвинет за истото дело и за уште две други струшки училишта во Лабуништа и Подгорци.
- Обвинителниот предлог против градоначалникто на Струга е поднесен поради именување на ВД директор без искуство од 5 години, а воедно претходно не била вработена во редот на вработените во школото. изјави обвинителката Валнеса Бизаки-Дилали.
Исто така струшкиот градоначалник кој од лани е на американската црна листа, е обвинет и за незаконска набавка на службеното луксузно возило ауди А6, чие судење е во тек во струшкиот суд, а продолжение се очекува да биде закажано.
Емилија Мисирлиевски











