Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНР со осуда за иранскиот ракетен напад врз Израел и терористичкиот напад во Тел Авив

/

пред 749 дена

Сподели преку :

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили.

Амбасадата во Тел Авив веќе стапи во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на нашата земја, информираат од ресорното министерство.

Како што се наведува во соопштението, имајќи ја предвид влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум.

Од МНР велат и дека ќе продолжи да ги следи состојбите во регионот и навремено ќе ги информираат нашите државјани за евентуални насоки за постапување.