Најмалку шест луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз центарот на главниот град на Либан, Бејрут. Израелската армија соопшти дека извршила прецизен воздушен напад врз зграда во квартот Бачура, кој е во близина на Парламентот.
Три проектили го погодиле и јужното предградие на Бејрут, Дахије, каде минатата недела беше убиен ллидерот на Хезболах, Хасан Насрала. Јужните предградија на Бејрут од вчера беа мета на десетина израелски напади, еден ден откако Иран истрела повеќе од 180 проектили врз Израел.
Израелската војска претходно соопшти дека осум војници загинале во копнена битка во јужен Либан додека израелските сили упаднаа на либанска територија. Привремениот премиер на Либан, Наџиб Микати изјави дека околу 1,2 милиони Либанци се раселени поради израелските напади.











