Во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Битола – Прилеп, кај селото Лагово, загинаа двајца доктори и еден медицински техничар кои изутринава се упатиле на работа во Прилеп.
Возачот на камионот е повреден и пренесен е на лекување во прилепската болница.
Веднаш по директниот судир, камионот и тојотата се запалиле. Огнот го гаснеле шест противпожарни возила.
Од лице место за Телма известува Срѓан Стојанов.











