Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Премногу регулираме, премалку вложуваме – Макрон предупреди дека ЕУ би можела да умре

/

пред 748 дена

Сподели преку :

Европската Унија (ЕУ) би можела да умре, ако не стане поконкурентна во однос на САД и на Кина, предупреду францускиот претседател Емануел Макрон.

„Унијата премногу регулира, а премалку вложува“, рече тој, додавајќи дека Вашингтон и Пекинг ја надминуваат ЕУ по економските резултати и инвестициите.

„ЕУ би можела да умре. Се наоѓаме на раб на многу момент. Нашиот стар модел е минато. Премногу регулираме, премалку вложуваме. Ако во наредните две-три години ја следиме нашата класична агенда, ќе исчезнеме од пазарот“, изјави францускиот претседател.

Макрон во април повика на поголема интеграција на европската одбрана и предупреди дека блокот не може да стане вазал на САД, кога станува збор за безбедноста и воените прашања.

Предупредувањето на Макрон доаѓа по извештајот на поранешниот италијански премиер и поранешен шеф на Европската централна банка, Марио Драги во кое е објавено уште едно.

„Постои ризик нашата Европа да умре. Не сме опремени за соочување со ризици“, напиша Драги во извештајот, изнесувајќи ја сопствената визија за иднината на ЕУ. Неговиот извештај, исто така, ги повикува владите на ЕУ на поголеми вложувања во заеднички одбранбени проекти, бидејќи „не може повеќе во целост да сметаат на САД“.

Некои европски влади стравуваат дека втор мандат на Доналд Трамп би можел да претставува ризик по НАТО, доколку победи на изборите во ноември. Кандидатот на републиканците изјави дека би „дозволил на Путин и на Русија да прават што сакаат“ на било која членка на НАТО која не ги исполнува целите за потрошувачка за одбраната.

Макрон во 2019 година ја нарече НАТО алијансата дека е „мозочно мртва“, истакнувајќи дека Европјаните повеќе не може да сметаат на САД дека ќе обезбедат безбедносен чадор против закани како агресија од Русија.