Момчето (14) кое уби девет соученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“, ќе биде донесено во зградата на Специјалниот суд за да сведочи во постапката против неговите родители, како и против инструкторот на стрелиштето. Тоа ќе биде прв пат момчето да ја напушти психијатриската клиника по злосторството на 3 мај 2023 година.
Момчето-убиец ќе биде изведено на суд со возило на брза помош, во придружба на психијатар. Во судницата ќе биде сместен во стаклена, затемнета „кутија“ за заштитени сведоци. Така момчето ќе може да види се, но никој нема д може да го види. Судијата, обвинетите, адвокатите и семејствата на жртвите ќе го слушаат преку звучници и ќе го гледаат преку монитори.











