Кривичната пријава од МВР е политичка а целата постапка за легализација на тениските игралишта е спроведена според законските прописи, смета градоиначалникот на Карпош Јакимовски . Тој денска на брифинг со новинарите објаснуваше дека тениските игралишта не се ниту државни ниту времени објекти покажувајки одобренија за нивна градба од 1999 година и нивното легализирање не било спорно.
По кривичната пријава од МВР дека ја злоупотребил службената положба со уште 5 мина вработени во општината градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски вели дека легализацијата на тениските игралишта кај хотелот Александар Палас е законска а тој треба да објаснува дека воздухот е безбоен. Смета дека случајот има политичка позадина во пресрет на локалните изброи.
Според Јакимовски, Алекдандар Палас бил сопственик на спортските терени без запишани права во Катастарот од пред речиси 3 децении затоа што тогаш ваквите објекти тогаш не се запишувале во катастар. Затоа го искориситле законот за леглаизација од 2016 и општината од тоа добила 170 илјади евра. Објснуваше и дека тениските игралишта не се времени објекти.
Градоначалникот на Карпош му одговри и на министеорт за транспрот Николовски кој најави дека нема да потпише ниту еден ДУП за домување додека Јакимовски е на чело на општината.
Според кривичната пријава од МВР Јакимовски потпишал урбанистичка согланост за легализирање тениските игралишта иако Законот за градење и Законот за за утрдување на правен статус на бесправно изградени објекти иако не можеле да бидат легализирани . Со тоа на фирмата сопствник на терените и овозможиле да се стекне со имотна корист од над два милиони евра.
Елена Ивановска Мукоска











