Околу 2000 денари на ден ја чини државата еден затвореник или над 10.000 евра годишно, во зависност од затворот. Моментално во државата има 2.400 затвореници и уште толку чекаат да бидат спроведени зад решетки, изјави в.д директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.
„За жал, Македонија досега требаше да има комплетен нов и супер современ затвор во Идризово, но освен фаза еден не е направено ништо. За жал, изградена е само првата фаза на затворот Идризово и тоа во време на минатото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, до 2023 година требало и втората фаза да биде завршена. Не е. Не е направено ништо по тоа прашање, пари има. Тој заем е направен уште во 2010-2011 година, меѓутоа за жал парите коишто се сега обезбедени ни се под мораториум“ Изјави Александар Пандов, в.д директорот на Управата за извршување на санкции
Организацијата за превенција и борба против тортура следната недела ќе направи контрола на затворите и Пандов изрази надеж дека средствата ќе бидат одмрзнати.
Судијката Билјана Коцевска смета дека пренатрупаноста на затворите ќе се намали со изрекување на условен отпуст, а не со закони за амнестија кои се краткотрајно решение.
Ирена Здравкова од Македонското здружени на млади правници информираше дека стапката на рецидивизмот се уште е висока, односно секој втор затвореник е повратник.
Околу 400 затвореници користат отсуство и работен ангажман. Додека пак во земјава моментално околу 50 лица издржуваат доживотни казни.
Марија Митевска











