Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русковска и Кацарска регираат на предизборните спотови на ВМРО ДПМНЕ

/

пред 2282 дена

Сподели преку :

Обвинителката Вилма Русковска и судијката Добрила Кацарска регираат на предизборните спотови на ВМРО ДПМНЕ, каде се споменуваат нивните имиња или се прикажуваат нивните ликови во негативен контекст за независноста на првосудството.

Русковска веќе поднела опомена пред тужба, Кацарска, пак, вели дека не сака да го види лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски во судница.

И двете се дел од предметите во кои беа обвинети или осудени високи поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ.

Кацарска е судијката која го осуди и поранешниот премиер Никола Груевски, како дел од случајот Тенк на СЈО, но и двете велат дека политиката и изборите не треба да се мешаат во судството.