Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јаневска: Државата ќе мора да создава услови за настава во една смена

/

пред 753 дена

Сподели преку :

Со воведување на едносменска настава и продолжен престој не само во четврто, туку и во петто одделение ќе биде надминат проблемот со кој во моментов се соочува Министерството за образование и наука, доколку имаме предвид дека за сега нема капацитет за такво нешто и државата ќе мора да создаде услови, рече министерката Јаневска. Со ова ќе биде подобрен и квалитетот на наставата и социјализација на децата.

Македонија има 3000 наставници вишок. Што значи дека наши наставници работат во паралелки од 9, 12 , 17 ученици, што не е добро за учениците. Имаме паралелки од по 4 или 5 ученици. Треба оптимизација, подрачните училишта да се припојат на централните и наставниците да тргнат кон централните, но со оглед дека нема ученици дека иселувањето е преголомо, а резултатите и на овие што ги имаме се минимални јас сметам дека овие 3000 наставници можеме да ги искористиме. изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука

Затоа подрачните училишта треба да се централизираат и така да ги повлечат наставниците. Со Светска банка се анализира каде може приоритетно само со доградба на училници да се започне со едносменската настава. Во 140 училишта за ова треба доградба на една до 15 училници. Јаневска кажа дека за разлика од пред неколку месеци, сега има услови да се разговара за покачување на платите на наставниците во претстојниот период. Во меѓувреме со СОНК се дискутира за склучување повеќегодишен договор според кој платите ќе растат во контнуитет.

Нина Стефанова