Во Топ Тема дебата со градоначалниците на Кисела Вода и Центар, Орце Ѓорѓиевски и Горан Герасимовски. На првото прашање за загадената вода за пиење во општина Гостивар и Струмица претседателот на ЗЕЛС рече дека бил во контакт со тамошните градоначалници.
Градоначалник на Кисела вода и претседател на ЗЕЛС на почеток на емисијата изјави дека: „Мора да се истакне дека ние во ЗЕЛС кога и да станува збор за проблемите во општини без разлика на политичката партија, нудиме помош од нашата страна, во овој случај се работи за две општини. Не мешаме политика, туку се трудиме да ги застапиме интересите на нашите граѓани, но и верувам во капаците на општински служби. Тука сме на располагање, а верувам и дека Владата ќе се вклучи во решавање на овој проблем“.
Герасимовски, градоначалник на општина Центар додаде дека: „Гледаме дека проблемот во Гостивар, очекував поголема поддршка и помош од Владата, според мене повеќе се влезе во конфронтација отколку во решавање на проблемот. Според мене потребно е вклучување на Владата да се реши овој проблем“.
Гледајте Топ Тема со Боби Христов во 19 и 15 на Телма.











