Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Канатларовски: Треба со голема желба и посветеност да се игра и бори за Македонија

/

пред 727 дена

Сподели преку :

Младата фудбалска репрезентација ги започна подготовките за пресметките со Молдавија и Грузија во рамки на квалификациите за Европското првенство.

На 11.октомври во Скопје ја дочекуваме Молдавија, а четири дена подоцна имаме гостување кај Грузија.

Селекторот Драган Канатларовски ги потсети своите фудбалери дека националниот тим секогаш треба да биде на прво место.

„Натпреварот со Молдавија го дочекуваме со посебна желба и мотивација, со оглед на тоа што се случуваше на првиот меѓусебен наш дуел каде што забележавме несреќен пораз.

Се надевам и верувам дека ќе успееме да одиграме квалитетно, борбено и максимално пожртвувано, остварувајќи победа против незгоден ривал. Сигурно дека нема лесен противник во овие квалификации и ниту еден меч не може да се добие лесно, па така ќе биде и на следните дуели против Молдавија и Грузија.

За овој собир играчкиот кадар ќе претрпи промени. На наше големо задоволство двајца наши играчи, Марио Илиевски и Андреј Стојчевски се повикани во А репрезентацијата на Македонија. Имаме 10 фудбалери кои подолго време се носители на оваа генерација и 10 млади фудбалери кои полека ќе ги подготвуваме за следниот квалификациски циклус што следува.

Што се однесува до Грузија, не очекува еден тежок натпревар, на кој ќе добиеме вистинска слика за нашиот тим.

Секој повик за репрезентацијата, сам по себе претставува голем мотив. Играчите треба да разберат дека националниот тим секогаш е на првото место и треба со голежа желба и посветеност да се игра и бори за Македонија, без разлика кој е противникот на другата страна“, рече Канатларовски.