Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гостиварци во дилема дали водата за пиење и исправна – приватна лабораторија откри зголемени нивоа на манган, ЦЈЗ со спротивни резултати

/

пред 751 дена

Сподели преку :

Жителите на Гостивар сѐ уште се во неизвесност, дали водата од градскиот водовод е безбедна. Тие купуваат вода за пиење и готвење, по забраната објавена во петокот, поради наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации, според анализите на приватната лабораторија која е ангажирана од Комуналното претпријатие. Останува дилемата дали во изминатиов период користеле неквалитетна вода и како манганот стигнал во водовoдните цевки.

Според универзитетскиот професор, Трајче Стафилов, манганот во почвите во земјава е присутен во просек од 0,1 %, што е значителна содржина. При подолготраен контакт со вода, делумно дел од него може да се раствори во неа. Кога нивото на водите е ниско, тогаш концентрацијата на манган се зголемува, вели Стафилов.

Професорот Стафилов објаснува дека преголема количина на манган, може да предизвика негативни ефекти врз здравјето.

В.д. градоначалникот на Oпштина Гостивар, Ваљбон Лимани, вчера изјави дека се сомнева во резултатите на приватната фирма, затоа што Центарот за јавно здравје добил спротивни резултати. Тој вели дека се очекува деталната проверка да ја утврди состојбата, а доколку имало пропусти најави поведување на одговорност.

Даниела Билбилоска