Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обилни дождови и ветришта до 150 км./ч. – западна Европа ги очекува ударите на бурата Кирк

/

пред 742 дена

Сподели преку :

Додека Милтон се приближува на Флорида, Европа се подготвува за ударот на Кирк. Иако повеќе не е класифициран како ураган, туку како тропска бура, сепак останува прогнозата дека ќе предизвика штети и нарушувања во делови на Европа.

Кирк во почетокот беше силен ураган, движејќи се меѓу Бермудските острови во Карибите и Азорските во централниот дел на Атлантикот. Накратко достигна и четврта категорија на Сафир-Симпсоновата скала.

„Сега ќе остане многу силен додека се развива во моќна атлантска бура, какви што гледаме често над северниот дел на Атлантикот и западна Европа во текот на есенските и зимските месеци“, објаснува метеорологот Ларс Ловински.

Кирк ќе биде прв таков оваа сезона, која вообичаено трае од октомври до март во Европа.

„Многу силни ветришта ќе погодат голем коридор од брегот на Бискајскиот залив до источна Франција, северозападна Швајцарија, а потоа и југозападна Германија до четврток. Најсилните удари на ветрот би можеле да достигнат брзина до 140-150 км./ч.“, додава Ловински.