Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО ВЕСТ Цени на вакцини: „нашата“ Синофарм во август чинела 148$, најефтини-се уште некористените Џонсон и руската Спутник

/

пред 2064 дена

Сподели преку :

За Синофарм вакцините единствена информација за цена е од август лани според која една вакцина би чинела 148 американски долари иако уште тогаш било прогнозирано дека цената ќе оди надолу. Македонските власти (како и во Унгарија и Црна Гора) се држат до договорот и не откриваат колку пари чини една вакцина.

Инаку според веб сајтот биоспејс каде се објавени истражувања за цении ефикасност на повеќе вакцини, најефтини се оние на Џонсон и Џонсон кои се уште не се одобрени и не се користат и  чинат 10 долари.

Руските Спутник кои чинат 10 долари за една од потребните две дози. Втората кинеска вакцина, синовак чини 30 долари за извоз, а дупло повеќе за домашниот кинески пазар.

Фајзер за првите 100 милиони дози во САД ќе чини 19 и пол долари по доза.

Вакцините на Модерна и на Астра Зенека според овој сајт чинат меѓу 25 и 37 долари по парче. На веб сајтот биоспејс нема информација за цена на Синофарм која ја набави Македонија.

Миомир Серафиновиќ