Со нов закон ќе се гарантира етничка застапеност во институциите, вели министерот за здравство Арбен Таравари по укинувањето на балансерот за вработување по етнички клуч.
Министерот за здравство кој е дел од владината коалиција Вреди уверува дека новиот закон е подготвен и ќе се процесуира во парламентот.
Претходно ДУИ ја оцени одлуката на Уставниот суд како удар врз Уставот и мултиетничката стабилност, додека претседателот на судот, Дарко Костадиновски, ја отфрли тезата за укинување на правата на заедниците, нагласувајќи дека балансерот создал дискриминација.











