Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поднесено обвинение против скопјанецот кој труел четири деца во Козле

/

пред 749 дена

Сподели преку :

Јавното обвинителство поднесе обвинение против скопјанецот во чијашто куќа беа пронајдени четири малолетни деца во бессознание и тешка здравствена состојба.

Се гони за тешки дела против здравјето на луѓето, за што може да добие и до десет години казна затвор, како и за четири кривични дела – Излагање на опасност, исто така казниво според Кривичниот законик.

По спроведената истрага, утврдено е дека четирисетгодишникот од Козле им давал на малолетниците да конзумираат алкохол во дворот, а потоа им дал лекови за одвикнување од алкохолизам – терапија која самиот тој ја користел, ординирана од лекар.

Според ЈОРМ, обвинетиот бил свесен дека со комбинацијата од лекови и алкохол може да настапи штетна последица.

„Во текот на вечерта обвинетиот од комодата во дневната соба извадил лекови кои ги користел како ординирана терапија за одвикнување од алкохолизам. Дел во таблети, а дел изронети за да можат да се земат преку шмркнување со носот, им ги понудил на оштетените деца „за подобро расположение“. Кога лековите почнале да делуваат со нивното дејство кое манифестира вртоглавица, нерамнотежа и нарушување на свеста, децата започнале да паѓаат и се здобиле со повеќе телесни повреди“, се вели во дел од соопштението на Јавното обвинителство.

Обвинетиот ги оставил децата и заминал да спие во спалната соба, а утрината ги затекнал онесвестени.

Соседите пријавиле во МВР, по што полицајците ги пронашле децата паднати на подот во дневната соба, од каде што итно биле префрлени на Токсикологија.

Четирите деца се родени во 2006, 2007, 2008 и 2009 година и според информации на Телма, обвинетиот е очув на едното од нив. Станува збор за две момчиња и две девојчиња.

Јавниот обвинител до скопскиот Кривичен суд достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Петар Догов