Готови се извештаите на комисиите на министерството за здравство за смртта на родилката во Куманово и на 14-месечното бебе на детската клиника.
Министерот за здравство објаснува дека деновиве чекал заклучок од професионални педијатри за случајот со починатото бебе. Сите детали од извештаите ќе ги сподели на прес-конференција во понеделник.
Таравари потенцира дека ако има лекарска грешка судските органи треба да делуваат.











