Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Крај на долга и успешна кариера – Надал објави дека заминува во пензија по Дејвис купот

/

пред 727 дена

Сподели преку :

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека ќе ја заврши кариерата по финалето во Дејвис купот. Веста за пензионирање ја „закачи“ на Инстаграм и ја објави на неколку јазици.

„Реалноста е дека последните две години беа тешки и не можев да играм без ограничувања. Ова е тешка одлука која ми одзема време, но во животот се има почеток и крај. Мислам дека е вистинско време да заврши она што беше долга и успешна кариера отколку што можев да ја замислам“, напиша Надал.

Шпанскиот тениски ас ќе се повлече по финалето на Дејвис купот од 19 до 24 ноември во Малага.

„Многу сум возбуден што мој последен турнир ќе биде Дејвис купот. Мислам дека завртев цел круг, бидејќи еден од првите успеси во кариерата ми беше настапот во финалето во Дејвис купот во Севилја во 2004 година“, наведе Надал.

Надал во кариерата освои 92 титули од кои 22 на гренд слем турнирите, а дури 14 пати го подигнуваше трофејот на Ролан Гарос. Освои златни медали на Олимписките игри и во поединечна конкуренција и во игра на двојки, како и пет „салатари“ (трофеи) во Дејвис купот.