Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Цела станбена зграда срамнета со земја, најмалку 11 жртви – жесток израелски напад врз центарот на Бејрут

/

пред 740 дена

Сподели преку :

Два израелски воздушни напада вечерва го погодија центарот на Бејрут. Цела станбена зграда е срамнета со земја, изјави либански безбедносен извор за „Си-Ен-Ен“ и додаде оти стравува од масовни жртви.

Квартот Горна Баста, во кој е погодена повеќекатница, е густо населен дел од градот во кој засолниште најдоа стотици луѓе по интензивните израелски напади врз јужен Бејрут и други делови на Ливан во последните денови.

На местото на израелскиот воздушен удар се пристигнати голем број на возила на Итната медицинска помош, се слушаат и истрели од огнено оружје, а на небото над тој дел од градот се издигна густ црн чад.