Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 10 мртви, над три милиони луѓе без струја – првичен биланс од ураганот Милтон

/

пред 740 дена

Сподели преку :

Најмалку 10 луѓе загинаа, а над три милиони останаа без електрична енергија при ударот на ураганот Милтон врз делови од американската сојузна држава Флорида.

Секретарот за национална безбедност на САД, Алехандро Мајоркас на брифинг во Белата куќа соопшти дека владата има извештаи за најмалку 10 смртни случаи.

Пет од нив се пријавени во округот Сент Луис на источниот брег на Флорида.

До 19 часот на Флорида беа потврдени 19 торнада, вчера беа регистрирани околу 45, информира Националната метеоролошка служба.

Гувернерот Рон Десантис рече дека државата го избегнала „најлошото сценарио“, но причинета е голема материјална штета.