Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека коалицијата „Вреди“ подготвува Закон за правична застапеност, кој ќе биде предмет на јавна дебата следната недела.
Тој нагласи дека постои потреба за нов закон, бидејќи актуелниот механизам, познат како „балансер“, не функционираше ефикасно.
Таравари истакна дека новиот закон ќе се фокусира не само на етничката застапеност, туку и на сите маргинализирани категории во општеството.
Според него, правичната застапеност е уставна категорија, и за неа е неопходно да се донесе закон.
Во средата Уставниот суд донесе одлука со која се укина механизмот за вработувања по етнички клуч.
Реагираа од ДУИ од каде рекоа дека ваквата одлука е удар врз Уставот на државата.
Од судот пак рекоа дека нивната одлука е правна и нема политичка позадина.











