Италија во следните 24 часа ќе биде блокирана поради 24 часовен штрајк на вработените во италијанските железници.
Штрајкот е најавено дека ќе почне вечерва во 21:00 часот.
Според информациите од Државните железници на Италија, штрајкот ќе има големо влијание на нормалното функционирање на железничкиот сообраќај во целата земја.
Оваа акција ја организира синдикатот „Цуб транспорти“, кој бара обновување на договорите за вработените во компаниите кои превезуваат патници и стока.
Очекувањата се дека штрајкот ќе предизвика значителни нарушувања во железничкиот сообраќај, со можни откажувања и одложувања на возовите на регионалните линии.
Синдикатот истакнува дека целта на штрајкот е да се поттикне дијалогот за подобрување на работните услови и платите на вработените во железничкиот сектор.
Патниците се советуваат да се информираат за можните промени во распоредот и да планираат алтернативни патувања, бидејќи може да дојде до откажувања и пред почетокот на штрајкот, како и по неговото завршување.
Во соопштението, Националната железница апелира за разбирање и трпеливост од страна на патниците во наредниот период.











