Писмото до европските институции за деблокира европскиот пат се подготвува -содржината за сега не се открива . Премиерот вели дека меѓу ЕУ членките има разбирање за позициите на Македонија а тој нема да води политика со која ќе прифаќа се што бараат соседите
Писмото е во подготовка. Утре патувам во Берлин ќе има состанок на Берлинскиот процес, ќе разговарам со голем број од европските политичари, пред да го испратам писмото сакам уште малку повеќе да имам јасна слика за тоа до каде можеме и што можеме да направиме, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Деновиве министерот за европски прашања Муртезани рече дека Македонија ќе бара гаранции од Европската унија, по спроведени уставни измени, зејмава да не биде дополнително блокирана од Бугарија врз основ на спроведувањето на Протоколот од Договорот за добрососедство.
А од Мала Речица денеска со порака: преговарачката рамка одобрена од Европската унија е јасна и мора да се спроведе за да го продолжиме нашето патување кон Брисел. Ова го соопштуваат од ДУИ откако Ахмети го пречекал амбасадорот на Бугарија Радулков
Преговарачката рамка одобрена од Европската унија е јасна и мора да се спроведе за да го продолжиме нашето патување кон Брисел. Бугарската заедница во Северна Македонија е реалност и треба да биде вклучена во Уставот, а од ова никој ништо не губи, напротив, сите добиваат, велат од ДУИ.
Мицкоски со одговор да не се споредуваат баби и жаби затоа што и Македонците во Бугарија се реалност, како и 14 пресуди од судот во Стразбур за прекршени права за македонската заедница во Бугарија
Жалам што Ахмети ова го користи за дневна политика но тоа е негова стратегија тој мисли дека така ќе добие некој поен повеќе. Јас не мислам дека ќе добие поен ако се вовлекува на соседите, наместо на тие со кои што дома дели секојдневие не мислам дека е права политика, вели премиерот Христијан Мицкоски.
По информациите во дел од медиумите дека на Самитот на Европската политичка заедница што ќе се одржи во Будимпешта на 7 ноември, унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе ги седне на заедничка маса, Мицкоски и Радев, премиерот вели дека таква средба за сега не е закажана но дека е подготвен во било кое време да седне да разговара за решение врз основа на аргументи а не под диктат.
Елена Ивановска Мукоска











