Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучевиќ: На Курти му се привидува српска војска на границата

/

пред 737 дена

Сподели преку :

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска ги отфрли обвинувањата на косовскиот премиер Албин Курти дека Србија провоцира со војска на границата, истакнувајќи дека на косовскиот премиер “му се привидува”.

Вучевиќ потврди дека Србија ја почитува резолуцијата 1244 усвоена од Обединетите нации во 1999 година.

Во контекст на одбиеното барање на Курти за враќање на копнената и воздушна безбедносна зона долж границата, Вучевиќ нагласи дека српската војска редовно соработува со командата на КФОР, а има и заеднички патроли.

Според него, активностите на српската армија не се насочени кон зголемување на тензиите.

„Нема дополнителни активности, ништо не подготвуваме. Напротив, многу сме мирни и трпеливи, затоа што сакаме да го зачуваме мирот“, изјави Вучевиќ.

Курти претходно изјави дека српската армија во неколку наврати се приближила до границата во последните две години, на што Вучевиќ одговори дека Курти се обидува да прикрие свои активности со подигање на тензиите.

КФОР, во одговор на барањата на Приштина, потврди дека копнената и воздушната безбедносна зона е целосно релаксирана од 2015 година и дека внимателно ја следи ситуацијата на терен, истакнувајќи дека нема простор за промени во сегашниот режим.

(ФОТО) Курти: Српски трупи се приближија до косовската граница