Над три милијарди денари или речиси 49 милиони евра плус изнесува наплата на приходи на Царинската управа во периодот од јули од октомври споредено со минатата година. Директорот на царинската Управа, Бобан Николовски, го презентираше сработеното во првите 100 дена и истакна дека покрај наплатата на приходи значаен раст има и во откривачката функција на Управата за па затоа има три пати повеќе кривични пријави и 60 отсто поголем број на заплени. Царинската управа учествува со 41 отсто во вкупните приходи на државата и 73 проценти во вкупните даночни приходи.
Николовски не добил поплаки од транспортерите и стопанствениците но потврди дека „Отворен Балкан“ функционира со потешкотии и затоа во наредниот период ќе има средби со преставниците на државите членки на оваа иницијатива со цел да се најде начин да се забрзат постапките.
Првиот човек на Царината, ниту потврди ниту демантираше дали се најдени неправилности при работењето на неговите претходници и најави дека оваа институција ќе биде „ударна игла“ во борбата против корупцијата и криминалот.
Oгнен Чанчаревиќ











