Новите правила за вработување по етнички клуч, првин ќе мора да поминат низ венецијанскиот филтер. Штом биде изработен, Законот за правична застапеност ќе биде испратен на оценка во Венецијанската комисија. Од владата тврдат дека на законот уште се работи, а ќе биде отворена и широка дебата.
Од коалицијата „Вреди„, пак, велат дека нема ништо лошо во тоа што законот ќе биде испратен до Венецијанската комисија, од каде очекуваат позитивно мислење, затоа што е изработен со помош на меѓународни експерти. Се надеваат дека од идната недела веќе ќе биде ставен на јавна дебата.
Законот има поддршка од сите партнери во владејачката коалиција.
Законот за правична застапеност треба да го замени таканаречениот Балансер, кој деновиве беше укинат од страна на уставните судии.
Далиборка Демјански











