Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таравари: Лекарски пропусти при лекувањето на 14-месечното бебе кое почина

/

пред 719 дена

Сподели преку :

Задоцнета е кислородната поддршка на 14-месечното бебе кое почина затоа што на клиниката во Козле немало соодветна апаратура за давање инвазивна и неинвазивна вентилација односно кислородна поддршка, соопштија денеска во Министерството за здравство откако стручните комисии формирани за испитување на два смртни случаи утврдија повеќе пропусти во конкретниот случај.

За смртта на родилката при породување во кумановската болница не се констатирани пропусти при лекувањето. И во двата случаи имало системски пропусти, недостаток на опрема и немање организиција на итен транспортна пациенти во опасност како што било утврдено на клиниката во Козле. Многу работи не функционираат во здравствениот систем, потенцираше министерот Таравари.

14-месечното бебе почина на 5-ти октомври, а не било примено на лекување навреме.