Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европската унија нема да биде целосна без Западен Балкан – пораки од Берлинскиот процес

/

пред 745 дена

Сподели преку :

Десет години по иницијативата и формирањето, Берлинскиот процес се врати во Берлин. Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој денеска беше домаќин на самитот во рамки на Процесот, порача дека тој е најдобар инструмент не само соработката во Западниот Балкан, туку и за забрзување на европската интеграција на сите земји од регионот. Според него Европската унија единствено ќе биде целосна кога Западен Балкан ќе стане дел од неа.

„Испишавме десет години на успех и се надевам дека нема да бидат потребни уште 10 години за сите шесте земјите од Западниот Балкан да станат членки на ЕУ“, порача Шолц.

Шолц во воведното обраќање, но и на прес-конференцијата, зборуваше за добрососедските односи, со фокус на Србија и на Косово, но не ги одмина ни другите земји од регионот, за кои рече дека и кај нив има националистичка реторика и реторика на поделби, а на кои треба да им биде јасно дека единственио заедно ќе можат да стигнат до ЕУ.

„Сите овие земји, сите земји кои сакаат да бидат членки на ЕУ, кои саката да бидат заедно треба да обезбедат да не го забавуваат процесот поради билатерални прашања. Билатералните прашања треба да останат билатерални и пристапниот процес се води врз основ на заслуги“, изјави Шолц.

На состанокот освен лидерите од земјите од Западниот Балкан и земјите-поддржувачи учествуваше и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која рече дека 10 годишнината на Берлинскиот процес е можност да се погледне наназад на деценија на прогрес на партнерите од регионот, но и на тоа што претставувал Процесот – застапник, архитект и силна врска меѓу регионот и Европската унија.

„Се разбира многу работи се сменија за 10 години, време на војни конфликти и превирања доведоа до нова свест во ЕУ. Свесност дека поголема Унија е исто така и посилна Унија и тоа е наша обврска да ги доведен земјите-апсиранти поблиску до нас“, рече Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен притоа рече дека ако пред десет години не било случај, денеска проширувањето е на врвот на европската агенда.

„Кога гледаме кон блиската иднина ние гледаме кон иднина во која сите шест партнери од Западниот балкан се дел од нашата Европска Унија. За да стигнеме дотаму, сметам дека треба да ги следиме лекциите од проширувањето во 2004 година“, рече Фон дер Лајен.

Првиот предуслов за тоа, како што рече Фон дер Лајен е да се почитуваат европските вредности  – почитувањето на демократија и владеењето на правото, а вториот предуслов е рана економска интеграција, за што Берлинскиот процес игра клучна улога.

Во таа насока земјите од Западниот Балкан денеска во Берлин потишаа нов Акциски план за единствениот регионален пазар, за периодот 2025 – 2028 година, како составен дел од Планот за раст за Западен Балкан, со што ќе го операционализираат вториот столб од Планот за раст – регионална економска интеграција преку Заедничкиот регионален пазар.

Македонската делегација на Берлиснкиот процес ја предводи премиерот Христојан Мицкоски, а во делегацијата се министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Тамара Грнчароска