Над 80 отсто од наставниците, стручните служби и техничкиот персонал во единственото средно училиште во Виница денеска протестираа. Тие ја бојкотираа наставата, бидејќи на местото на разрешениот директор назначена е нова в.д. директорка. Тврдат дека изминатите години трпеле мобинг, уцени и закани. Побараа градоначалникот да ја повлече одлуката за новата директорката.
Педесет вработени од вкупно 65 претпладнево биле на средба кај градоначалникот на Општина Виница. Градоначалникот Петков вели дека се констатирани неправилности во работењето кај претходниот директор, затоа е разрешен и назначен е нов.
Петков најави дека во наредниот период ќе има јавен оглас на кој може да се пријават сите кандидати кои ги исполнуваат условите за директор на виничката гимназија.
Викторија Јованова











