Што испорачаа работниците и работодавачите, а што добија како одговор од владата на првата седница на Економско-социјалниот совет.
Минималната плата и немањето работна сила ќе бидат камен на сопнување на социјалниот дијалог и за новата влада?
- „Веројатно ќе продолжи да лебди прашањето за покачување на минималната плата. Сојузот на синдикати на Македонија е единствениот синдикат кој е неполитички синдикат во државата кој се залага за борба за работничките права, пред се за раст на платите, а пред се за минималните плати. За жал, секоја влада кога ќе дојде на сцена, како да обожава да го нападне ССМ дека ние работиме со некој, или пак со опозицијата, патем така беше и минатата година овој период, кога протестиравме и баравме раст на платите и покрај потпишаниот општ колективен договор за јавниот сектор, нас тоа не не загрижува, бидејќи конечно седнавме на заедничка маса и добивме информации кои ќе ни послужат во наредниот период, а имавме и можност да ги изнесеме сите работнични ставови и барања на владините претставници“ изјави Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати.
На советот за избор на лидер на ССМ, Трендафиловиќ изрази дека не би ја коментирал изјавата на премиерот Мицкоски, според него политичарите си дозволуваат да коментираат во политички аспект.
- „Видете можеби несреќно беше што претседателката на организацијата на работодавачи не го објасни, најверојатно од законите и реформите кои ги очекувавме од Владата немаше ништо, па и сигурно не мислеше дека Владата сега со тоа што се фали за одредени инфраструктурни проекти што се отпочнати, евтините кредити преку македонската банка кои ќе треба да се даваат, тоа се уште се најави, и треба да бидеме свесни дека за 100 дена не може да се очекува ништо, но факт е дека ние многу очекувавме од оваа влада, од она што беше најавено дека ќе биде свртено кон бизнисот, и наместо развојот да го темели а потрошувачката, да се зголеми на продуктивноста на компаниите и на тој начин да обезбеди повеќе средства во буџетот за да има пари за сите“ изјави Ангел Димитров, претседател на Собранието на Организација на работодавачите.
Вечерва во Топ Тема дебата со Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија и Ангел Димитров, претседател на Собранието на Организацијата на работодавачи.
Топ Тема во 19 и 15 со Тамара Грнчароска на Телма.











