Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четворица уапсени за пукањето во Чаир, двајца се затвореници од „Идризово“

/

пред 743 дена

Сподели преку :

Расчистен е случајот со пукањето на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“, во близина на Општина Чаир, во кое од огнено оружје во нога беше застрелан 35-годишен скопјанец. Полицијата на местото пронашла биолошки траги, а на учесниците им е направена „парафинска ракавица“. Тие биле забележани и на снимки од камерите на системот „Безбеден град“, преку кои е откриен автомобилот со кој едниот од сторителите дошол на местото.

Возилото, исто така, било прегледано, информираат од МВР. Според сознанија на Телма, лицето кое наводно пукало е дел од групата Барон, а повредениот е роднина на припадник на кланот Грчец, кој е во бегство и се бара со меѓународна потерница.

Телма дознава дека лицето кое наводно пукало е Јусуфи Аќифи, кој веќе е вратен зад решетки во Идризово. Аќифи имал дозвола за работен ангажман надвор од затворот во Идризово. Преку ден излегувал и работел во Скопје, а навечер се враќал зад решетки.