Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет точки, три анекси, но и класифицирани делови – Зеленски го претстави т.н. „План за победа“ пред Врховната Рада

/

пред 735 дена

Сподели преку :

Пет точки, три анекси и доверливи работи кои остануваат тајни, содржи т.н. „План за победа“ на Володимир Зеленски кој лично го објави денеска во украинскиот парламент.

Предлогот опфаќа покана за членство во НАТО, одбранбен аспект, одвраќање од руска агресија, економски раст и соработка и поствоена безбедносна архитектура. Планот предвидува и три тајни додатоци кои се поделени со меѓународните партнери.

Давид Арахамиа, парламентарен лидер на владеачката партија, рече дека доверливите делови ќе бидат претставени на челниците на фракциите, пишува „Киев Индепендент“.

„Ако планот се поддржи, можеме да ја завршиме војната најдоцна наредната година“, рече Зеленски во парламентот, во присуство на врховниот командант Александар Сирски, шефот на воената разузнувачка служба, Кирило Буданов и западни дипломати.

Поканата за членство во НАТО се најде на врвот на листата. Киев поднесе барање во септември во 2022 година, но сè уште чека јасен сигнал од сојузниците.

„Разбираме дека членството во НАТО е прашање на иднината, не на сегашноста“, рече Зеленски.

Втората точка ја нагласува потребата од пренесување на војната на руска територија, како што беше со прекуграничниот упад во Курск во август. Со тоа, би се спречило создавање на можни „тампон зони“ на украинска територија. Оваа точка, исто така, повикува на укинување на ограничувањето на удари со долг дострел во Русија, дополнителни испораки на средства со долг домет и поддршка од Западот во соборување на руски проектили и дронови над Украина.

Исто така и дополнителна поддршка во изградба на украински копнени сили, противвоздушна одбрана, вложување во одбраната, разузнувачка помош и друга воена помош за засилување на Украина и одвраќање на руското население од неговата „идеологија на војна“, рече претседателот.

Третата точка се однесува на ненуклеарно одвраќање, чиј дел ќе биде класифициран. Таа ќе биде детално промовирана на челниците на САД, на Велика Британија, на Германија, на Франција и на Италија.

Четвртата точка го опфаќа украинското користење на сопствените природни ресурси, како што се ураниум, титаниум и литиум кои се сметаат за потенцијал за еконосмки раст на Украина и на Европската Унија. Потоа се повикува на засилување на санкциите кон Русија за поткопување на нејзината способност да ја издржи сопствената агресија. И тука има класифицирани делови кои ќе бидат споделени со меѓународните партнери.

Петтиот дел од планот се однесува на поствоената безбедносна архитектура на Украина. Зеленски рече оти Киев може да се пофали со голема и искусна воена сила која може да го засили НАТО и безбедноста на европскиот континент.