Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филков го обвини Лога дека си го земал извештајот на Оценската мисија – Лога демантира- писмото е архивирано

/

пред 743 дена

Сподели преку :

Филков го обвини Лога дека си го земал извештајот на Оценската мисија, оставил неплтени фактури а купените електорнски тротинети лаптопи и телефони ги нема, Лога одговори со демант- писмото е архивирано, а ги лоцираше и тротинетот и лаптопите.

Пренатрупаноста со предмети и недостатоткот на судии и обивнители ќе се надминува со законски измени со кои гонителите на криминал и  делителите на правда повторно ќе можат да се пензионираат на 67.

Министерот за правда најави дека се работи на вакво законско решение откако пред околу три години  ваквата можност со закон беше укината а имаше и неупешен обид повторно да се врати повисоката граница за пензионирање.

Филков најави дека  со нова работна група и јавни расправи од следниот месец почнува и реформата на судскиот совет.

Препораките на оценската мисија на ЕК се клучни за судски но овој извештај во правда го нема.

  • Иако документот е класифицирана документација, истиот е земен од мојот претходник, заради што министерството не располага со истиот. Како резултат на тоа принудени сме да се потпираме на електронски верзии, само на дел на документот кој ги содржи исклучиво препораките без соодветните образоложенија и официјалниот допис на ЕК, рече Игор Филков, министер за правда.

Министерот за правда ќе бара одговорност и за исчезнатиот документ но и кабинет испразнет од документи но полн со стотици чаши торби чадори маици и други предмети за кои го чекала и непатена фактура од над 15 илјади евра.

  • Затекнав сериозно испразнети финансиски ресурси, непостоење на евиденција за добивање на користење на мобилни телефони, лаптопи и електрични скутери од страна на мобилниот провајдер што укажува на персонификација на мојот претходник со институцијата Министерство за правда. Нефунционален возен парк и слободно можам да кажам девастирана функционалност на Министерството“, рече Игор Филков, министер за правда

На отчетот за првите 100 дена министерот за правда рече дека привршува граѓанскиот зкаоник ЗКП а најави и јавна расправа и за кривиниот законик по ланските контроверзни иземни, измени и во сфератат на нотаријатот извршувањето и медијацијата.

Вели за правото и правдата не очекува многу работа а  целта е независно судство без политички влијанија и корупција. Се бара решение и за недостатокот на затворска полиција а како можна солуција е преземање на вработени во арм кои треба да се пензионираат.

Елена Ивановска Мукоска

Одговори екс министерот за правда Кренар Лога. Писмото од Оценската мисија го добил по  електронски пат, исто како и другите функционери и е архивирано во Министерството. Возниот парк е ист со оној што го користеле и претходните министри ги лоцираше и лаптопот тротинетот и телефоните.

  • Министерството нема долгови, бидејќи на време беа подмирени сите фактури. Наместо да бидете среќни што го имате материјалот со кој јас не располагав, вие неосновано критикувате зошто сите тие матерјали се двојазични односно и на албански јазик. Двесте чадори се наменети за кампањата за бесплатна правна помош, заедно со Советот на Европа. Лаптопот е во ПР канцеларијата, другиот е кај преведувачите, тротинетот е во едно од одделенијата за бесплатна правна помош, а телефоните, добиени преку субвенција, се распределени на оние кои најмногу работат и се евидентирани на телефонските броеви, пишува Лога на Фејсбук.