Ахмед ал-Далу го преживеа израелски воздушен напад врз џамија во центарот на Газа, но беше сведок на смртта на неговиот син и неговата сопруга, кои изгореа во пожарот кој го зафати нивниот шатор. Сведок на нападот од пред неколку дена бил и помалиот син Мухамед. Меѓу десетиците жртви, голем број беа деца.
- 14 октомври, тоа беше најцрниот ден за мене и за моето семејство. Спиев на тезгата на продавачот, како и секогаш, чувајќи ги неговите работи. Слушнав звук од бомбардирање во 01:23 часот по полноќ. Побрзав да видам што се случува, го видов огнот околу нашиот шатор и тогаш татко ми успеа да го спаси помладиот брат, рече Мохамед ал-Далу, чиј брат и мајка загинаа во израелскиот напад.
- Чувството? Зборот „скршено срце“ не ја опишува тагата што го чувствувам. Чувството дека син ми гореше пред мене, а јас бев беспомошен, беспомошен во секоја смисла на зборот, не бев во можност да направам ништо, ја прифатив волјата на Алах во секоја смисла на зборот, вели Ахмед ал-Далу, татко детето и мајаката кои загинаа во нападот.
Во обид да се справи со неколку хуманитарната криза претставниците на ОН денеска над појасот Газа фрлаа помош со падобрани. Конвоите со помош се заглавени поради израелските напади на северот на Газа, додека израелските сили го обвинуваат Хамас за блокадата. Основните резерви не се обновени од први октомври.
Повеќе од 400.000 бегалци се под силен притисок за нова преселба на југ. Израел спроведува голема операција повеќе од една недела во бегалскиот камп Џабалија, по информациите дека милитантите на Хамас се прегрупирале. Офанзивата остави цели области во урнатини, раселени се околу 90% од населението на Газа, а стотици илјади живеат во преполни шаторски кампови.
Израелската војска не запира и со нападите врз Либан. Денеска соопшти дека убила локален командант на групата Хезболах во нападот врз Бин Џбеил блиску до границата. Тој бил задолжен за истрелување проектили кон Израел. Се зголемува бројот на убиени највисоки политички и воени функционери на Хезболах, како и еден од нејзините основачи Хасан Насрала.
И најсилниот поддржувач на Израел, САД утрово изврши воздушни напади насочени кон подземни бункери што ги користат јеменските бунтовници Хути. Се уште нема извештаи на штетата на американските стелт-бомбардери со долг дострел Б-2 врз Хутите, кои со месеци напаѓаат бродови во Црвеното Море, поради војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.
Билјана Ставрова











