Ер тракторот дневно да лета чини околу 3.000 евра, зборувам само за гориво. Со амортизацијата, пилотите, тоа се мултиплицира, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.
„За хеликоптерите има неофицијална информација дека чинат неколку илјади евра од час. Дури се зборува за 3.000 до 4.000 евра вкупна сума со амортизација, затоа што хеликоптерот не е наменет за гаснење на пожари. Гаснењето на пожари претставува многу стресна ситуација за хеликоптерот, за самиот хеликоптер како летало, за неговата каросерија. Покажуваат одредени дефекти и затоа тие мора да одат редовно на сервис“, рече Ангелов.











