Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Фетулах Ѓулен, најголемиот непријател на Ердоган

/

пред 730 дена

Сподели преку :

Турскиот муслимански проповедник Фетулах Ѓулен, за кој Анкара тврди дека го организирал неуспешниот пуч во 2016 година, почина во САД на 83-годишна возраст, објавија турските медиуми.

Ѓулен изгради моќно исламско движење внатре и надвор од Турција, но ги помина последните години обвинет за организирање на обидот за државен удар против турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, обвиненија кои тој ги негираше.

Веб-страницата „Херкулес“ која ги објавува проповедите на Ѓулен, на својот профил на социјалната мрежа „Х“ објави дека тој починал во болница каде што бил на лекување.

Ѓулен одреден период беше сојузник на Ердоган, но двајцата имаа спектакуларна пресметка. Ердоган го сметаше за одговорен за обидот за државен удар во 2016 година во кој одметнати војници подигнаа воени авиони, хеликоптери и тенкови во обидот за преземање на власта во кој загинаа околу 250 луѓе. Ѓулен живееше во егзил во САД од 1999 година.