Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца вработени од скопската Зоолошка негативни на Птичји грип

/

пред 737 дена

Сподели преку :

Двајца вработени во скопската Зоолошка, кои пројавиле симптоми, се негативни на Птичјиот грип. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) извести дека се тестирани во текот на денешниот ден. Нивните симптоми се последица на друга здравствена состојба.

Едното лице кое е тестирано било дел од 16 лица на списокот за епидемиолошка анкета. Другото лице е тестирано дополнително.

„На ден 21.10., согласно протоколите, направено е тестирање за Птичји грип во Одделението за вирусологија во ИЈЗ – референтна лабoраторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека еден ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно, на ист начин е тестирано и второ лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во институцијата, но на ден 21.10 се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми“, информираат од ИЈЗ.

Директорката на ИЈЗ, Андоновска, во изјава за медиумите вчера кажа дека е спроведена епидемиолошка анкета на 16 лица, по што списокот е скратен и за четворица е одлучено да бидат под засилен здравствен надзор.

Тоа подразбира дека во текот на следните две недели, тие ќе бидат медицински следени дали ќе пројават каков било симптом којшто понатаму би требало да се испитува дали се работи за Птичји грип.

Ова следува откако во езерцето во Зоолошка била пронајдена угината патка. Како мерка потоа на Агенцијата за храна и ветеринарство е извршено хумано убивање и нештетно отстранување на 24 патки, шест гуски, пет кокошки и една чавка која била присутна на локацијата.

Професорот на Факултетот за ветеринарна медицина, Александар Додовски оценува дека Птичјиот грип во скопската Зоолошка најверојатно го донеле птиците преселници. Последните случаи на зараза на луѓе се забележани пред еден месец.

Со став денеска се огласија и од Ветеринарната комора. Велат дека во вакви случаи, потребно е да се преземат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата.

Од Комората ги поддржуваат сите активности и мерки преземени од надлежните органи и додаваат – процедурите во случај на појава на заразни болести што преминуваат од животни на луѓе се утврдени од меѓународни институции и треба доследно да се спроведуваат.

Петар Догов