Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вработувањата, кои беа стопирани поради укинување на балансерот, ќе продолжат и завршат според прописите кои важеле при отпочнување на постапките

/

пред 737 дена

Сподели преку :

Постапките за вработување во институции во јавниот сектор, кои беа стопирани поради укинување на Балансерот од Уставниот суд, продолжуваат и ќе се завршат согласно важечките прописи во времето на започнување на постапките, соопштија од Министерството за јавна администрација.

Но, нема да се применуваат укинатите одредби, што значи дека повеќе нема да важи условот, кандидатите да бидат припадници на одредена етничка заедница. Сите останати одредби ќе важат.

Продолжуваат и почнатите постапки, согласно годишните планови за вработување, но со претходна усогласеност со новите подзаконски акти на министерството. Овие годишни планови ќе важат и при новите огласи, освен делот што се однесува на етничката припадност.