Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кучиња скитници го искасаа ракометарот Вуко Борозан кој ги бранел своите деца

/

пред 712 дена

Сподели преку :

Првотимецот на ракометниот клуб Вардар Вуко Борозан е искасан од куќиња и има 15-тина конци по рацете, нозете и телото и е неизвесен за утрешниот дуел на скопскиот клуб со Порто во Европската лига, изнформираше денеска тренерот на Вардар, Владо Недановски.

-Не знам што се случува во градот. Нападнат е од кучиња скитници кои го имаат искасано. Си ги бранел децата на прошетка, рече Недановски за (не)спортската повреда на црногорскиот ас.

Ракометарите на Вардар утре ќе се соочат против Порто во третото коло од Европската лига, а тренерот Владо Недановски се соочува со проблеми пред мечот и не може да смета на повеќе ракометари.