15 годишно момче осомничено за убиство на пет лица во куќа во близина на Сиетл. Според информациите на властите момчето со огнено оружје застрелало две возрасни лица и три деца, едно девојче е рането.
Градските власти информираа дека осомничениот е приведен. Засега не е познат мотивот на злосторството, ниту дали сите инволвирани во овој трагичен настан се поврзани со семејството. Замениците на Шерифот добиле повеќе повици за пукање во дом во Фол Сити, околу 16 километри источно од Сиетл.
Пред да пристигнат лекарите на местото на злосторството, на жртвите им била укажана прва помош од соседот. Осомничениот 15-годишник е однесен во малолетничкиот центар и денеска или утре треба да биде изведен пред суд.











