Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин денеска собира над 20 светски лидери на самитот на БРИКС

/

пред 729 дена

Сподели преку :

Повеќе од дваесет светски лидери на покана на рускиот претседател Владимир Путин денеска доаѓаат во рускиот град Казан во областа Татарстан на најголемиот меѓународен состанок во Русија, откако започна војната во Украина. На самитот на БРИКС, Кремљ има намера да покаже на светот дека не е изолиран но и да ја демонстрира својата способност да создаде нови сојузи, и покрај западната изолација.

Русија го гледа самитот како важна прилика за унапредување на својата надворешна политика и проширување на групата, а целта е да се создаде алтернатива на западните финансиски и политички структури. На агендата на самитот ќе се разгледува создавањето на нов платен систем, што би можело да биде ривал на СВИФТ системот, како и ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток.

Локалниот бизнисмен Данил Галиулин го поздравува овој потег. Тој произведува котли за руските енергетски компании, а сè почесто набавува делови од Кина поради западните санкции. Тој се надева дека БРИКС ќе го поедностави работењето и ќе помогне во балансирање на валутните разлики.

  • „Како деловен човек, се соочив со значителни предизвици претходно оваа година. Иако некои прашања беа решени, остануваат финансиските пречки, вклучително и дополнителни трошоци за трансфер на пари во Кина. Се надевам дека БРИКС ќе го поедностави работењето и ќе помогне во балансирање на валутните разлики, бидејќи ние сме моментално многу зависи од доларот и еврото“ изјави Данил Лалиулин, генерален директор на Енерго Газ Сервис.

Кремљ исто така ја нагласува важноста на мултиполарниот свет, при што Путин ќе има средби со клучни лидери за да ја зајакне соработката. Безбедносните мерки во Казан се засилени поради стравувања од напади, особено со оглед на претходните инциденти со украински беспилотни летала во регионот.

Професорот на Државниот универзитет во Казан ја потенцираше важноста на соработката на Русија и Кина, и ја нагласи довербата и поддршката која се зацврстува помеѓу двете држави.

  • „Русија и Кина секогаш имаат што да понудат една на друга, вклучително и нашето меѓусебно културно збогатување и блиски економски врски. Двете земји се поддржуваат една со друга во сложена меѓународна ситуација. Оваа доверба се протега од највисоките нивоа па се до грасрут, како што луѓето овде во Русија се многу заинтересирани за она што се случува во Кина“ изјави Марк Шишкин, историчар на Државниот универзитет во Казан.

Путин истакна дека вкупниот БДП на членките на здружението БРИКС е повеќе од 60 трилиони долари и дека нејзиниот вкупен удел во светскиот бруто-производ „самоуверено ги надминува“ соодветните показатели на групата Г7.

Движењето во центарот на градот Казан е ограничено, а жителите се советуваат да останат дома. На самитот ќе присуствува и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, што пак е негово прво патување во Русија од почетокот на конфликтот.

Tеa Димковска