Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ССМ: Две ипол минимални плати се потребни за покривање на основните потреби на четиричлено семејство

/

пред 736 дена

Сподели преку :

Две ипол минимални плати се потребни за задоволување на основните потреби на едно четиричлено семејство.

Тоа го покажува статистиката за Сојузот на синдикатите на Македонија според која во месец октомври за оваа намена биле потребни 61.249 денари. Но доколку станува збор за семејство со изнајмен стан тогаш и три минимални плати не се доволни, бидејќи според пресметките на синдикалците во тој случај потребни ќе бидат 76.624 денари.

Она што може да се забележи споредено со статистиките од претходниот месец е дека сепак има мало намалување на месечните трошоци за 57 денари. Тоа пред се според извештајот најверојатно се должи на есенската кошница, мерка со која владата директно интервенираше во маржите на профит кај дел од основните производи.

Сепак синдикалците забележуваат дека ефектот на мерката е незначителен со оглед дека како што велат трговците ги зголемиле цените пред таа да стапи на сила. Од Сојузот на синдикати на Македонија бараат поголема контрола и вклучување во креирањето на мерките за подобрување на економската состојба на домаќинствата.