Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стефан Ристовски во друштво на Винисиус Жуниор и Рафиња во идеалниот тим на ЛШ (ФОТО)

/

пред 710 дена

Сподели преку :

По синоќашната блескава партија во победата на Динамо Загреб од 2-0 на гостувањето кај Салцбург, македонскиот интернационалец Стефан Ристовски се најде во тимот на колото во Лигата на шампиони.

Ристовски синоќа запиша две асистенции за головите на Сандро Куленовиќ во 49-тата минута и Бруно Петковиќ во 84-тата минута. Заслужено најпрво беше прогласен за играч на натпреварот против Салцбург, а денеска дојде и ново признание. Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација се најде во идеалниот состав на 3.коло од Лигата на шампиони заедно со плејада други фудбалски ѕвезди, како Винисиус Жуниор, Рафиња, Тијани Рејндерс, Николо Барела и други.


Десниот бек синоќа ја носеше и капитенската лента на Динамо откако од игра излезе уште еден поранешен македонски репрезентативец Аријан Адеми.