Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Баба го спаси ПАОК од пораз и го освои првиот бод во Лига Европа

/

пред 710 дена

Сподели преку :

Првакот на Грција, ПАОК во третиот натпревар од Лига Европа на домашен терен играше без победник 2:2 во дуелот против Викторија Плзен.

Чешкиот состав по првиот дел имаше предност од 2:0, а стрелци на головите беа Милан Хавел во 31. и Матеј Видра во 39. минута.

Викторија водството го одржуваше до самиот крај кога во завршните минути ПАОК стигна до израмнување.

Во 84-тата минута Тарик Тисудали намали на 2:1, а во третата минута од судиското надополнување Рахман Баба го постави конечниот резултат.

ФОТО: Игор Паневски