Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитров: Ревидирање на донесените препораки не може да има

/

пред 732 дена

Сподели преку :

Охридската Архиепископија и протоколите од минатите седници биле тема на дискусија на вториот ден од 32-та седница на историската комисија и прв состанок со новиот тим македонски историчари. Бугарската страна во Комисијата е децидна дека ревидирање на веќе донесените препораки нема да има.

Кое и какво е значењето на Охридската Архиепископија пред 11 век е првата точка по која дискутирал новиот состав на Комисијата.

„Почнавме поконкретна работа. Почнавме едни многу долго водени разговори досега околу претставувањето на Охридската архиепископија во текот на 11 век. Бидејќи на нашите колеги им треба време да навлезат во таа проблематика и решивме да ја оставиме за следниот состанок кој ќе се одржи во Софија“, изјави Димитров.

На овој состанок на Комисијата, историчарите не го отвориле прашањето за содржината на учебниците по историја за седмо одделение во Македонија и наместо тоа се фокусирале на утврдување на протоколите од минатите седници. Околу можноста за ревидирање на веќе донесените репораки, Димитров е дециден дека тоа нема да се случи и додаде дека доколку има добра волја од македонска страна, ќе се најде заеднички јазик.

„Ништо не може да се почне од почеток, бидејќи тоа е завршена многу работа и треба да го почитуваме трудот на таа Комисија. Се разбира, кога има добра волја, се е возможно. Се надевам дека ќе има“, кажа Димитров.

Досега Комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и за петти клас во Бугарија
Точната дата на следниот состанок кој ќе се одржи во Софија дополнително ќе се договори во зависност од обврските на членовите на Комисијата.

Огнен Чанчаревиќ