Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Херцог им се извини на роднините на жртвите од нападот на 7 октомври

/

пред 723 дена

Сподели преку :

Израелскиот претседател Исак Херцог се извини на роднините на жртвите од нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

За време на церемонијата во Ерусалим, тој изрази жалење и призна дека израелскиот безбедносен апарат направил грешки во проценките и реагирањето. „Жал ми е што не успеавме да ги заштитиме вашите најблиски, жал ми е што го прекршивме најосновниот договор меѓу една земја и нејзините граѓани за заштита на нивните животи и безбедност,“ истакна израелскиот претседател.

Тој нагласи дека ќе се спроведе истрага, но само по завршувањето на војната во Појасот Газа. Во нападот на Хамас беа убиени над 1.200 луѓе и киднапирање околу 250 други, а предупредувањата за можниот напад биле игнорирани.