Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Годинава помалку пари за „Бехтел и Енка“ за активности на Коридорот 8

/

пред 719 дена

Сподели преку :

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ денеска ќе ги презентира градежните активности за делницата Гостивар – Букојчани, која е дел од Коридорот 8. Сепак, извештајот за сработеното до август 2024 година покажува дека конзорциумот не добил буџетски средства годинава.

Ребалансот на буџетот значително ги намалил средствата за проектот од 249 милиони евра на само 66 милиони. Во последниот извештај, „Бехтел и Енка“ продолжиле со геотехнички истражувања и земјени работи, но финансиските трансакции за проектот се минимални, што создава загриженост за идната реализација.

Досега, проектот предвидува вкупни исплати од 1,3 милијарди евра и завршување до декември 2027 година. И покрај значајните инвестиции и вклучените работници и механизација, напредокот на теренот е малку видлив, што дополнително ја нагласува потребата за негово стабилно финансирање.