Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кирјаз во „Топ тема“: Немаме премногу време и луксуз, како држава, да чекаме стабилизирање на состојбата во Бугарија, времето не работи во интерес на Македонија

/

пред 729 дена

Сподели преку :

Надежта што би ја негувал било кој во Македонија дека деблокадата на евроинтегративните процеси брзо ќе се реши и од бугарска страна ќе се создадат услови за политичка влада која ќе гарантира поголемо разбирање за Македонија, е правење на сметка без разбирање на реалностите кај нашиот источен сосед, рече Емил Кирјаз, советник за геополитика на странски влади, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Ние, како држава, немаме премногу време и немаме преголем луксуз за да чекаме да се стабилизира Бугарија, за да одиме напред. Разбирам дека премиерот е во право кога вели дека е потребна политичка влада во Бугарија за да може да се разговара, но иницијативи за постигнување на доверба и подобрување на односите, мора да се започнат веднаш и мора да се работи на секое ниво. Времето не работи во интерес на Македонија“, смета Кирјаз.