Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Уништени уште стотина гласови – четврто палење на гласачка кутија во САД

/

пред 722 дена

Сподели преку :

Кутија за собирање на предвремени гласови во американската сојузна држава Вашингтон во пресрет на пресрет на претседателските и конгресни избори во САД на 5 ноември изгоре денеска во пожар за кој се сомнева дека е подметнат и за кој ФБИ води истрага, соопшти локалната полиција.

Снимка на локалната ТВ куќа КАТУ покажува гласачка кутија во Ванкувер од која се шири чад, а се гледаат и повеќе гласачки ливчиња во пламен. Кутијата не била испразнета од неделата во 8 часот наутро, па стотина гласачки ливчиња се уништени, објави телевизијата, повикувајќи на локални официјални лица.

Полициската управа на Ванкувер соопшти дека отстранила „сомнителна направа“ која била крај кутијата која се наоѓала во третиот округ во сојузната држава Вашингтон, место на една од најнеизвесните трки за Застапничкиот дом на Конгресот во кое се натпреваруваат демократската кандидатка Мари Глусенкамп Перез и републиканскиот противкандидат Џо Кент.

Инцидентот е последен во низата на саботажи на гласачките кутии. Полицијата во Портланд, во државата Орегон, утрово примила дојава за сличен пожар што го предизвикала запалива направа во гласачка кутија. Маж, пак, беше уапсен во Феникс во четвртокот, откако беше запалено поштенско сандаче во кое изгореа 20 гласачки ливчиња.